Како што информираа од МВР во 13.57 часот, Д.С. пријавил дека во скопското село Кучевиште неговиот татко М.С. (71) бил физички нападнат од страна на две непознати лица кои биле со патничко моторно возило.
Повредениот М.С. со возило на итна медицинска помош е пренесен во Ургентен центар-Скопје-КАРИЛ, каде се констатирани тешки телесни повреди во главата и е во неконтактибилна состојба.
Полицијата презема мерки за откривање на сторителите и расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.