Директорот на првиот професионален охридски театар Горан Стојановски го намалил долгот на институцијата од моментот на негово доаѓање на раководното место до денес за цели 62%.
Познат како одличен актер во улогите на Началникот во Сомнително лице, Џемо Биљбиљ од скечевите во соработка со К-15 и од бројни македонски народни прказни, Горан Стојановски е и одличен менаџер на институцијата професионален Охридски театар која е формирана за прв пат во историјата на градот во 2011 година.
Стојановски на нејзино чело доаѓа на 31-ви декември 2015-та година, има огромен удел во вкупно над 20-те премиери кои досега се поставени во професионалниот охридски театар и над 6.000 претстави кои се одржани. Покрај тоа, намалувањето на долгот на институцијата за 62% за 18 месеци колку што директорува со театарот е уште еден показател за неговите ефикасни менаџерски методи на работа.
Стојановски инаку е дел од златната генерација која со аматерскиот театар во Охрид на почетокот на 90-тите години ги утврди темелите за еден ден да се дочека и големиот успех – формирање на професионален театар во македонскиот бисер на културата.
Но, како и неговите колеги досега, и Горан Стојановски се најде на списокот за отстрел на сталинистот Роберт Алаѓозовски, па по веќе утврдената практика најпрво му се пуштаат инспекции со назнака дека мора да најдат било каква неправилност во работењето. Доколку не ја најдат директорите на театрите се разрешуваат затоа што Алаѓозовски проценил дека биле под контрола на Груевски.
Сите кои ја знаат поговорката „она од што паметниот се срами, будалиот се фали“ сигурно се сетиле на неа кога го прочитале и официјалното соопштение од едно министерство во кое буквално се признава културолошкиот фашизам кој го застапува новиот министер.
Ваквата фашизоидна реторика и сталинистичките методи на владеење се добар показател и за трендовите и определбите на целата влада на Зоран Заев кој најави дека кога СДСМ ќе дојде на власт, тој ќе брка од работа по политчка основа и ќе вработува строго партиски кадри од чистачка до директор.
Покрај инспекцијата која е претходница на смената од директорското место, театарот во Охрид од страна на Алаѓозовски беше „удрен“ и физички – односно со проблематизирање на постапката за изградба на нов објект само од желба да се блокираат проектите кои „култура“ ги наследи од минатата власт.
Инаку, Роберт Алаѓозовски пред 6 години на својот блог критикувајќи ја тогашната власт буквално го опишува моделот според кој тој започна да владее во културата, нарекувајќи го самиот како „слепо лудило“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.