| четврток, 6 декември 2018 |

Милан без трите главни засилувања на дуелот со Крајова

Екипата на Милан го регистрира тимот за Лига Европа, но во него не се пријавени три главни засилувања од летниот преоден рок.

„Росонерите“ не успеаја навремено да ги регистрираат Лукас Билја и Леонардо Бонучи, а исто така, изоставен од составот е и Хакан Чалханоглу за кого се вели дека се уште не е доволно подготвен за настап.

Милан за првиот настап во ЛЕ ги пријави Абате, Антонели, Бонавентура, Борини, Калабрија, Конти, Кутроне, браќата Донарума, Гомез, Кеси, Локатели, Маури, Монтоливо, Мусакио, Нианг, Родригез, Сторари, Андре Силва и Запата.

Прв предизвик за Милан во Лига Европа ќе биде романска Крајова, а мечот меѓу двата тима се игра од 20.00 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top