| четврток, 6 декември 2018 |

Нов светски рекорд на СП во Будимпешта

Американската пливачка, Лили Кинг, го освои златниот медал во трката на 100 метри градно и постави нов светски рекорд во оваа дисциплина. Во финалето на Светското првенство во Будимпешта, Кинг постигна време од 1.04,13 минута.

Сребрениот медал и припадна на нејзината сонародничка Кејли Мајли која заостана цели 90 стотинки, а на третото место се пласираше Русинката Јулија Ефремова со две стотинки послабо време од резултатот на второпласираната Мајли.

На трките во машка конкуренција на СП во Будимпешта доминира Кинескиот пливач Сун Јанг кој го освои вториот златен медал на ова првенство, триумфирајќи во трката на 200 метри слободно (1:44.39 мин). Претходно Јанг се закити со златен медал и во трката на 400 метри слободно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top