| четврток, 6 декември 2018 |

Тој беше единствениот вистински, вреден и незаменлив маж во мојот живот-Бранислава сепак жали!

Пред неколку дена Бранислава и Аца Лукас ставија точка на својата „дури“ 23 дена долга врска. Убавата Лозанчанка проговори за својот однос со популарниот пејач, но самото раскинување не сакаше да го коментира.

-Тоа не би сакала да го коментирам. Сметам дека иако сум интелигентна, не сум компетентна да коментирам таков човек-изјавила Бранислава.

Таа сепак на јасен начин го споредила Лукас со својот поранешен маж Жељко, кој го ставила на прво место.

-Се и да ми прости, јас себе си никогаш нема да си го простам тоа со кого сакав да го заменам. Тој беше единствениот вистински, вреден и незаменлив маж во мојот живот. Но немаат сите приказни среќен крај- изјавила Бранислва алудирајќи на тоа дека таткото на нејзниото дете е незаменлив маж во нејзиниот живот.

Таа воопшто не размислува за тоа дали и колку Лукас ја сакал.

-Не мислам за тоа, верувајте. Се подготвувам за пат, идам во Црна гора, да се договорам со мажот за разводот и се подготвувам за нов почеток. На моето дете и мене ни следи тежок период и не сакам веќе да давам никакви изјави- рекла Бранислава.

Таа не сакала да го коменитира смирувањето на Соња и Аца.

-Сето тоа беше пребрзо и такви работи за жал се случуваат. Не можете се да конторлирате. Она што било, било и нема назад. Сега можеме да бидеме паметни за во иднина поради нашите најблиски и нашите деца. Се создаде не голема, туку преголама фама, но тоа можеше и да се очекува- додала тааа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top