| четврток, 6 декември 2018 |

Во МКЦ одбележување на 54 години од земјотресот: „Скопје го слави животот“

Град Скопје и Музејот на Град Скопје и годинава ќе го одбележат 26 јули – денот кога пред  54 години во катастрофалниот земјотрес што во својата уривачка моќ  во 1963 година однесе многу човечки животи,  го претвори  Скопје во урнатина, а  градот  ги доживеа најтешките моменти во својата историја и постоење.

Под мотото – „Скопје го слави животот„ на 26 јули ќе се потсетиме на се она што значи овој датум, на подадената рака од целиот свет како и на оние кои трагично го загубија својот живот.

Мултимедијалниот културен настан што под мотото „МКЦ за Скопје“ го организира Младинскиот културен центар, кој традиционално се одржува за 26 јули, со цел да се потсетиме на солидарноста и хуманоста на скопјани, годинава се одржува два дена, односно почнува денеска,  25 јули, а завршува  утре, 26 јули.

Оваа чествување ќе не потсети дека треба да го славиме животот и секако за хуманата димензија на човештвото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top