Реал Мадрид набрзо ќе го комплетира трансферот на Килијан Мбапе, откако европскиот првак веќе постигнал договор со Монако околу отштетата на француското „чудо од дете“. Како што пренесува весникот „Марка“ повикувајќи се на извори од управата на Реал, челниците на Монако ја прифатиле неверојатната понуда во висина од 180 милиони евра што пристигнала од Мадрид.
Се уште не е познато дали понудата изнесува 160 милиони при потписот, плус 20 милиони преку клаузули, или пак некоја друга математика но едно е сигурно дека „кнезовите“ веќе дале зелено светло за заминувањето на својата нова „ѕвезда“. Мбапе веќе стави до знаење дека сака да замине во Мадрид и да потпише за најтрофејниот европски клуб, па со договорот на тимовите веќе нема никакви пречки за овој трансфер час поскоро да се реализира.
Зинедин Зидан би сакал што поскоро да го има Мбапе на располагање, за младиот голгетер да може да се адаптира на новата средина, па се очекува трансферот да биде комплетиран во следните денови за Французинот да атакува на место во тимот веќе за Супер-купот на Европа против Манчестер јунајтед во Скопје. Овој трансфер ќе биде далеку поскап од актуелниот рекорд на Пол Погба од Јувентус во Реал Мадрид, но сепак е под сумата од 222 милиони евра што ПСЖ е подготвен да ја плати за Нејмар од Барселона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Фудбалерот на Монако, Ласина Траоре обвинет дека настапува со лажни податоци
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)