Новата сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) ќе биде отворена со дерби-дуел меѓу ривалите Шкендија и Вардар, одлучи денешната ждрепка во ФФМ.
Двата тима кои се ривали за титулата ќе се соочат уште на стартот, а исто така, интересно ќе биде и на пелагониското дерби меѓу екипите на Победа и Пелистер. Прилепчани и битолчани и минатата сезона играат меѓусебе во првото коло.
Форматот останува ист, четири пати по девет круга и вкупно 36 кола. Календарот ќе биде потесен, поради обврската да се заврши до 20 мај за Светското првенство (СП) кое се игра во Русија.
Од ФФМ најавија дека доколку е потребно, ќе се излезе во пресрет на клубовите кои ќе играат во европските купови. Новата сезона ќе стартува на 17 август од 17.00 часот.
1. коло:
Шкендија – Вардар
Шкупи – Академија Пандев
Победа – Пелистер
Работнички – Ренова
Силекс – Скопје
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.