| четврток, 6 декември 2018 |

Жена ги подметнала седумте пожари кај Шибеник

Полицијата во Шибеник притворила 51-годишна жена осомничена дека минатата недела намерно ги предизвикала седумте пожари на подрачјето на Дубрава кај Шибеник.

Со истрагата е утврдено дека осомничената меѓу 18 и 23 јули предизвикала 6 пожари на приватни парцели на жители. Таа запалила и една штала.

Против неа е поднесена казнена пријава за доведување во опасност на животите и имотот со општо опасно дејство. Таа сега се наоѓа во притвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top