| четврток, 6 декември 2018 |

Палмарсон го напушти Веспрем, следува суспензија!

Еден од најдобрите светски ракометари, Исланѓанецот Арон Палмарсон без дозвола си замина од Веспрем, мислејќи дека така ќе се ослободи за да замине во Барселона. Извесно е дека Палмарсон ќе биде суспендиран од унгарскиот клуб.

На првата прозивка на СЕХА вицешампионот, Палмарсон не се појави, а на 15 минути пред почетокот на тренингот го известил новиот тренер Љубомир Врањеш дека заминува на Исланд.

Веспрем не смета на Палмарсон во текот на сезоната, иако има уште една година од договорот со ракометарот. Од пред неколку месеци е познато дека следната сезона левиот бек треба да игра во Барселона.

Веспрем им побара оштета од еден милион евра на Каталонците, но тие не се спремни да ја платат оваа сума, туку ќе чекаат да го добијат гратис следното лето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top