Екипата на Карпош Соколи е казнета со пет години суспензија за настап во регионалната АБА-лига, реши Собранието на регионалното натпреварување.
Причина за ова се изјавите дадени од претседателот на „соколите“, Огнен Дедиќ и тоа во неколку наврати во кои ги навредуваше челниците на регионалното натпреварување. Поради ова, „соколите“ беа казнети со 12.000 евра.
На Собранието на лигата било констатирано дека Соколи ги прекршиле членовите 70,3 и 70,4 од правилникот на АБА-лигата, поради непристојните коментари на претседателот на клубот, Огнен Дедиќ.
„Поради сериозноста на престапот, клубовите на АБА донесоа одлука екипата на Карпош соколи да биде казнета со дополнителна петгодишна забрана за настап во сите натпреварувања, организирани од АБА-лигата“, стои во соопштението на АБА-лигата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.