| четврток, 6 декември 2018 |

Училишта во Тексас повторно воведуваат ќотек за недисциплинираните ученици

Три училишта во американската држава Тексас се согласија повторно да воведат удирање со дрвена прачка како казнена мерка за несоодветно однесување на ученици.

Персоналот во тие училишта, во кои се воспитуваат ученици од четири до 18 години, ќе може да удира со дрвена прачка недисциплинирани ученици, објави Индепендент.

Учениците ќе добијат по еден удар за секој прекршок како што се – непочитување училишни правила или непослушност кон наставници.

При запишување во училиштата, родителите ќе бидат прашани дали се согласуваат со тоа нивното дете физички да се казнува. Само наставниците и директорот на училиштата ќе може да ги удираат учениците. Секое училиште ќе води статистика за бројот на удари, со цел да се изврши евалуација за повторно воведените воспитни мерки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top