| четврток, 6 декември 2018 |

Продолжуваат политичките притисоци врз апелација да одлучува по желба на СЈО – ќе успее ли судот да се одбрани?


Брутален притисок врз судиите само да се уважат жалбите на СЈО, притисокот е со цел бесправно цело раководството на ВМРО-ДПМНЕ да биде ставено во притвор, експертската јавност со порака судиите трезвено да одлучуваат. Аналитичарот Горан Пандов на својот фејсбук профил пишува дека доколку се уважат жалбите на СЈО тоа би значело правен дебакл и пуч на држава. Според него на секому му е јасно дека станува збор за политичка хајка и пропаганда кога станува збор за СЈО а до судиите со порака дека треба да останат чувари на правото а не пучисти во државата.

Реакција и од аналитичарот Сотир Костов. Според него очигледно е дека некој се служи со притисоци и закани врз судиите правејќи различни спинови во јавноста. Обвиненијата на Катица Јанева ги оценува како бесправно лудило по секоја цена кон луѓе кои досега немале допир со криминал.

-Манијата на Катица Јанева да штанца обвиненија сега прерасна во бесправно лудило по секоја цена, луѓе кои досега немале допир со криминал, не сториле ниту едно кривично дело, немаат досиеја во полиција и во судство, туку така преку ноќ да бидат пикнати во притвор. Срамно, недозволиво и кукавички. Предистражните постапки и истрагите се завршени и вообичаено е во 99% од случаите тогаш да се бара притвор – да не се уништат докази, да не се влијае врз сведоци, делото да не се повтори и секако опасност од бегство, смета Костов.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, во изминатите денови апелираа дека судот мора да работи по словото на законот и никако поинаку и предупредуваа на притисоци со кои истиот се соочува.

Тече рокот од 48 часа во кој Апелација треба да се изјасни и за жалбите по вчерашната јавна седница. Во меѓувреме судот се соочува со притисоци да одлучува по желбите на Специјалното јавно обвинителство.

Извор: Телевизија Нова

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top