Хрватското приморје повторно гори, a овој пат пожарникарите се борат против пожарот кој избувна вчера вечерта на локалната депонија во стариот дел на островот Хвар.
Како што пренесуваат хрватските медиуми, пожарот избувнал во 19:30 часот а пожарот го гаснат 30 пожарникари и 10 против пожарни возила.
Медиумите велат и дека пожарот кој избувнал во депонијата брзо се проширил и ја зафатил боровата шума, но за среќа нема повредено луѓе или изгорено објекти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.