| четврток, 6 декември 2018 |

Два умерени земјотреси регистирани на островот Кос

По силниот земјотрес во петокот, при што загинаа две лица, грчкиот остров Кос синоќа во рок од неколку минути, беше погоден од два умерени земјотреси. ­

Првиот земјотрес беше со интензитет од 4,4 степени според Рихтеровата скала во 20 часот и девет минути по локално време, а 16 минути подоцна уследи земјотрес од 4,6 степени, соопшти Атинскиот геодинамички институт.

Епицентарот на првиот земјотрес беше на околу 20 километри североисточно од островот, на длабочина од 10 километри. Стотици жители и туристи ноќта ја поминаа во парковите или во своите автомобили.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top