| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца загинати, најмалку 500 повредени во земјотресот во Грција и Турција

Двајца туристи загинаа на грчкиот остров Кос, а над  500 лица се повредени во силниот земјотрес кој синоќа погоди неколку туристички дестинации во Грција и во Турција. Загинатите туристи од Шведска и Турција заедно со повеќемина други биле во ноќен бар кога се случил земјотресот, по што останале заробени под урнатините на зградата.

Некои од туристите и локалното население се повредени при обидот да скокнат од балконите на зградите, откако регионот го зафати силен земјотрес со јачина од 6,5 степени по Рихтеровата скала.  Многубројните туристи и мештаните во Грција и Турција ги пробуди силно тресење на тлото, по што многумина ја поминаа ноќта на отворено спиејќи на лежалки на плажа или на столчиња по дворовите.

Тринаесет повредени лица се пренесени во грчките болници, а меѓу нив на еден странски турист му е ампутирана ногата, додека друг има тешки повреди и се бори за живот.

 

извор:макфакс

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top