| четврток, 6 декември 2018 |

Загрижувачка зависност: Секој жител на Македонија лани испил по еден дијазепам

Секој жител на Македонија, минатата година испил по една таблета диазепам, објавува „Сител“. Податоците на Сител велат дека само една македонска фармацевтска компанија во 2012 произвела и потрошила 1.700.000 таблети диазепам и 63 000 кутии инекции, додека дополнителни 927.000 таблети се од лекот бромазепам. Според токсиколозите, овие податоци кои зборуваат за зависноста од седативи се загрижувачка. Оваа состојба е уште полоша кога ќе се додаде и потрошувачката на останатите антидепресиви.

-Oва станува навистина сериозен проблем. И тоа е зависност. Има луѓе кои земаат по 10, 15 диазепами на ден, што не е нормално. Но без таа доза не можат да функционираат. Велат дека едноставно имаат потреба од тоа, вели Андон Чибишев .  Ваквата зависност од седативи не е само проблем во Македонија. И во светски рамки значително е зголемена потрошувачката на лековите за смирување. На Токсикологија веќе 6 месеци имаат протокол за детоксикација кој успешно бил применет кај 40 зависници од диазепам и лексилиум.  -со новиот протокол ја контролираме зависноста. Голем број го поминаа тоа и засега имаме одлични резултати. Во работата се вклучени и наши колеги психијатри, вели Чибишев за Сител.

Според потрошувачката, последните неколку години најбарани лекови се токму седативите. На нив, на годишно ниво се трошат над 10 милиони евра. Според Сител, здравствените власти најавиле анализа која треба да покаже зошто диазепамот, хелексот, лексилиумот се толку барани лекови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top