Абдулаќи Адеми, министерот за животна средина и просторно планирање на средбата со новинарите ги разјасни одлуките за определување на висината на надоместоци за националните паркови Маврово, Галичица и Пелистер.
-Со овој потег, Владата ги потврди заложбите на националните паркови за поголемо вреднување на природните богатства на Република Македонија и со тоа обезбедува средства за уште поголема нивна заштита. Се надевам дека надоместоците нема да се разберат како пречка во остварувањето на правото на посета на националните паркови, туку како личен придонес во заштита на природното богатство во РМ. Одговорното однесување при престојот и понатаму ќе биде основно правило за влез во паркот, изјави Адеми
Согласно одлуките, од плаќање на надоместоци се ослободени лицата кои имаат живеалишта на подрачјето на НП. Со ова, во областа на заштита на природата, практично се имплементира начелото „корисникот плаќа”, а собраните средства ќе се користат исклучиво за унапредување и заштита на националните паркови од кои потекнуваат.
Адеми нагласи дека надоместоците се определени на начин на кој нема да претставуваат пречка за престој на љубителите на природата во националните паркови, но преку нив симболично ќе им се укажува на посетителите дека се наоѓаат во природни простори за кои посебно се грижат соодветни служби.
На конференцијата беа промовирани седум нови професионални водичи во планина, кои по завршената обука по UIMLA стандардите, спроведена од страна на Македонска асоцијација на интернационални водичи во планина, се стекнаа со професионални лиценци
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


