Кенијската служба за диви животни соопшти дека најмалку четири лава побегнале од националниот парк „Најроби“ и дека се забележани на улиците на главниот град.
Жители на Најроби се предупредени да не им приоѓаат на лавовите и да ги пријават на посебен телефонски број доколку ги забележат. Особено е апелирано децата да се држат на затворено додека лавовите не бидат пронајдени и не бидат вратени во паркот.
– Националниот парк се наоѓа веднаш до Најроби, а од градот е оддалечен преку главен пат. Животните избегале од ограден простор, пренесе „Би-би-си“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.