| четврток, 6 декември 2018 |

Шефот на српското фудбалско подземје пронајден мртов

Ратко Буторовиќ, познат како Бата Кан Кан, најден е мртов во својот хотел Парк во Нови Сад. Како јавува Танјуг, веројатно починал од природна смрт.

бата канкан

Буторовиќ е уапсен во 2008 заради подмитување. Всушност како претседател на Фк Војводина платил 3000 евра мито на фудбалски судија за победа на Војводина над Младост.

Ратко Буторовиќ е познат како сопственик на неколку луксузни хотели, нон и како прв човек на неколку спортски клубови во Србија и во Црна Гора. Впечатлив по својата гардероба, новосадскиот бизнисмен минатата недела беше зад решетки за местење на резултат на фудбалски натпревар, односно дека (повторно) на судиите им платил 4 илјади евра. Тој ги нарекувал „4 килограми печено“. Живеел во куќа со базен која го потсетувала на вилата на тони Монтано, ликот мафијаш одглумен од Ал Пачино.

Бата Кан Кан е познат и по тоа што во осумдесетите години на минатиот век има сменето една буква во презимето, за да ги збуни компјутерите на европските граници. Така од Бутуровиќ станува Буторовиќ. Со старото презиме бил баран во Германија, Австрија и други држави од западна Европа. Сепак, ни така не патувал, ниту кога учествувал во трансфери од повеќе милиони. Патувал само во Грција, каде наводно имал удел во кошаркарскиот клуб ПАОК.  Тие години станува и меѓу првите приватни бизнисмени во поранешна Југославија- го отвора колонијалот Кан Кан.

Во екот на „хотелиерската“ и „спортската“ кариера многу афери се поврзувани со неговото име, на пример со рушењето на еден потпорен ѕид на Петроварадинската тврдина во Нови Сад, заради подобар видик кон Дунав од неговиот хотел „Леополд I“.

Оваа крими- легенда во соседна Србија се вели и дека е роднина на црногорскиот премиер Мило Џукановиќ.

До неговата смрт се збори дека најмалку два пати имало обид за атентат врз него.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top