| четврток, 6 декември 2018 |

Дирекцијата во состојба на зголемена будност – детали за пожарот во Ѓорче Петров

Денес околу 12:40 часот забележан е пожар кај место Чашка во општина Ѓорче Петров, каде гори 1 хектар мешана шума бор, даб и ниска смрека.

На терен го гасат 20-тина лица со 2 ПП возила од ТППЕ Ѓорче Петров и 3 ПП возила од ТППЕ на Град Скопје. Ангажирани се два авиони од Дирекцијата за заштита и спасување кои до сега имаат направено 3 налети, информираат од ДЗС.

Дирекцијата за заштита и спасување е во состојба на зголемена будност. Вработените во подрачните одделенија ја следат состојбата на целата територија на Републиката и е подготвена да во секој момент доколку има потреба ангажира тимови за брз одговор за гаснење на пожари на отворен простор на територијата на Република Македоинија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top