| четврток, 6 декември 2018 |

Барса со рекорден приход за минатата сезона

Според последните извештаи екипата на Барселона забележа рекорден приход во финансиската година 2016/17.

Всушност, каталонскиот клуб во тој период оствари приход од 708 милиони евра, додека портпаролот на клубот, Жозеп Вивес, откри дека откако клубот ги изедначи приходите и расходите се дојде до заработка од 13 милиони евра.

Со овој профит некогашниот шпански и европски шампион го намали вкупниот долг, кој сега изнесува 247 милиони евра. Рекордниот приход на Барса се претпоставува дека е поради богатиот договор што клубот го постигна со авио-компанијата „Катар Ервејс“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top