| четврток, 6 декември 2018 |

Трифун Костовски ќе се кандидира за претседател на државата

Поранешниот градоначалник на Скопје Трифун Костовски ќе се кандидира за претседател на државата на следните претседателски избори. Информацијата ја објави сајтот Порталб повикувајќи се на извори од кабинетот на Костовски.

trifun za pretsedatel

Изворот за порталот рекол дека кандидатурата на Трифун била „речиси сигурна“. Во информацијата не се соопштува дали и која политичка партија би застанала зад неговата кандидатура, но се потенцира дека бил подготвен да влезе во трка за претседател ако има избори на есен или следната година. Сајтот потсетува дека деновиве беше објавена информација и дека Црвенковски планира повторно да влезе во трка за претседателската фотеља, но оваа информација како што пишува Порталб не можат да ја потврдат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top