| четврток, 6 декември 2018 |

Пијан тетовец украл автомобил, сакал да го врати, го уапсиле

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.А. (33) од село Пирок поради постоење основи на сомнение за сторени  кривични дела „одземање на моторно возило“ и “недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 7 декември минатата година на улица „Благоја Тоска“ во Тетово, додека пријавениот во алкохолизирана состојба заедно со В.Т. (33) од Тетово се движеле пеш,  на В.Т. ѝ се слошило и паднала на асфалтната површина, а пријавениот ја кренал во раце и ја ставил во патничко возило кое го забележал паркирано со вклучен мотор и клучеви на бравата со намера да ја однесе во болница. По кратко време, на В.Т. ѝ се подобрила состојбата и се упатиле кон блок 82 со намера да го вратат возилото, каде наишле полициски службеници и истите ги лишиле од слобода Р.А. и В.Т., при што на подот од возилото од возачката страна пронајден е оквир од огнено оружје пиштол без муниција. Пријавениот се изјаснил дека во непосредна близина на возилото оставил пиштол кој претходно го носел со себе и за кој не поседува никаква документација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top