Голманот на македонската ракометна репрезентација Борко Ристовски денес стана дипломиран економист, бранејќи го дипломскиот труд „Ризици и терминска структура на каматните стапки“, на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.
Ристовски истакна дека не планира да продолжи со ракометот откако ќе ја заврши кариерата, па се надева дека своето знаење од светот на бизнисот ќе го употреби и искористи во иднина.
– Не планирам да останам во ракометните води по завршувањето на играчката кариера. Не сакам да бидам тренер или нешто слично, сакам ова знаење да го искористам во бизнисот најдобро што можам. Сметам дека образованието ќе ми биде многу важно и од корист откако ќе се пензионирам. Планирам да го надоградам моето знаење и студии во оваа област, и да ги искористам во сопствен бизнис. Без никаков надомест во иднина сакам и да помогнам на многу млади талентирани деца кои се занимаваат, го сакаат ракометот, а и општо спортотсакам да се едуцираат и да напредуваат – истакна Ристовски.
Чуварот на мрежата на Барселона, овој пат наиде на поинаков начин на бранење, па смета дека потешко е да се одбрани дипломска, отколку голот.
– За мене е многу потешко да се одбрани дипломска, бидејќи не е мое поле. Ракометот е веќе природна работа за мене, да се појавам пред неколку илјадна публика повеќе не е товар, но за мене ова е нов терен – додаде Борко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Паника во Барселона: Сомнителен куфер со можна бомба, евакуирани два воза
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Дукоски: Не е во ред одбраната да се нарекува хистерична и дека не знае да чита
-
Најголемиот талент во школата на Барса има 15 години и живее како крал (Фото)