Хрватите по одлуката за поскапување на патарините за 50 насто среде сезона, се сетиле и како дополнително да заработат од туристите со поскапување на паркингот.
Еден час паркинг во Дубровник до сега чинел 40 куни, а сега би изнесувал 75 куни (малку повеќе од 10 евра).
Според предлогот на дубровачкиот градоначалник, во период од мај до октомври час паркирање во „нулта“ зоната ќе чини 75 куни, а дневна карта наместо сегашните 800, да изнесува 1.500 куни (202,39 евра)
Другите месеци паркингот би чинел како сега. Според градоначалникот, со поскапување на паркингот ќе се намалел сообраќајниот метеж во центарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.