| четврток, 6 декември 2018 |

Заврши досега најпосетениот Д Фестивал

По три дена одлична атмосфера, десетици илјади посетители, стотици музички ѕвезди, уметници, гости и учесници, исклучителни концерти и фестивалски камп по прв пат од постоењето целосно распродаден, синоќа заврши седмото и досега најмасовно издание на Д Фестивал. Богатата програма надополнета со позитивна енергија резултираше со возбудливо доживување на единствениот летен опен-ер Фестивал во Македонија.

Д Фестивал и оваа година се покажа и како генератор на рекордни туристички резултати во Дојран кој за време на фестивалот беше со целосно исполнет сместувачки капацитет. Покрај публиката од цела Македонија,  Д Фестивал во многу поголем број од претходно ги пречека и посетителите од соседните земји, а Фестивалот го потврди својот статус на релевантен и единствен настан кој го пренесува фестивалскиот дух и нему својствените позитивни општествени вредности, со публика и програмски концепт кој покажува огромен потенцијал тој да прерасне и во меѓународно релевантен фестивал.

Иако временските услови не беа идеални, дождот и невремето беа немоќни да ја расипал атносферата на последениот ден на седмиот Д Фестивал. Фестивалот со концертниот спектакл кој на главната бина го приреди хедлајнерот на вечерта, легендарното име на македонската музичка сцена – Архангел.

Претходно, во попладневните часови, поради влошените временски услови и безбедноста на посетителите, беа преземени неопходни мерки со прилагодување на вечерната програма кои резултираа со одредени измени во распоредот на настапите и нивно пренасочување во фестивалските зони кои ги гарантираа потребните услови

По овие подготовки, подиумот пред главната бина вчера некаде околу 21 часот експлодира со единствената музичка енергија на групата Архангел, која со уверливата изведба на култните нумери ја вжешти атмосферата. Со безвременските хитови на Архангел кои публиката ги пееше во еден глас од почетокот до крајот на двочасовниот настап, кој пак зачинет со сета акумулирана позитивна енергија од овие три дена, тие покажаа дека немаше подобар начин за затворање на Д Фестивал.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top