| четврток, 6 декември 2018 |

Карпош Соколи казнет од челниците на АБА лигата со 12.000 евра

Раководните лица на регионалното кошаркарско натпреварување, АБА лигата, веднаш реагираа на навредите упатени од страна на првиот човек на македонскиот вицешампион, Карпош Соколи.

Огнен Дедиќ, пред неколку дена не штедеше зборови за да го оцрни работењето на челниците на оваа лига, па денес си доби казна од 12.000 евра, заради вербален напад полн со навреди.

– Ваквите зборови на првиот човек на Карпош Соколи го нарушуваат имиџот на самата лига, но и на спонзорите. Затоа едногласно одлучивме да го казниме со 12.000 евра – пишува во соопштението на АБА.

Интересно е тоа, што не е јасно како ќе се спроведе оваа казна, бидејќи „соколите“ не се повеќе дел од ова регионално натпреварување. Уште пред неколку месеци не добија „зелено светло“ за нов настап во лигата, а Дедиќ веднаш ја одби поканата за учество во новоформираната Втора лига на ова натпреварување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top