Смртта на Американецот Бакари Хендерсон (22) кој бил претепан од неколку Српски туристи на Закинтос, веќе некое време е во центарот на вниманието во медиумите кај јужниот, како и кај северниот сосед. За убиството има повеќе осомичени дека учествувале во нападот, па тројца Срби ќе се бранат од слобода со кауција од по 500 евра, а петмина се уапсени, меѓу кои е и еден Грк, еден Србин од Босна со британски пасош и тројца српски државјани кои добија притвор од почетокот на судењето.
Грчкиот весник „Real News“ објави детали од сослушувањето на двајца од уапсените Срби.
– Дојдовме во Грција на одмор, не за да убиеме некој. Му се извинуваме на семејството Хендерсон, но ние навистина немавме намера да го убиеме. Само заради два удари, сега сме обвинети за убиство. Едноставно, се најдовме на погрешно место, во погрешно време, изјавил едниот од обвинетите.
– Таа ноќ бев во клубот со мои пријатели. Во еден момент настана хаос, гужва, почнаа да се кржат стакла. Помислив дека нешто лошо им се има случено на моите пријатели со кои заедно стигнавме на Закинтос. Тргнав накај излезот на клубот, па излегов на улицата. Видов како неколкумина бркаат едно момче и помислив дека тој нападнал некого и е виновен за целиот хаос. Кога го стигнавме, два пати го удрив, еднаш во вратот и еднаш во грбот, изјавило второто од приведените момчиња од Србија, кое според пишувањата на медиумите има 20 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ѓаволот ја однесе шегата: Kилометарска колона на косовски Срби го блокираа излезот од северна Митровица
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија