Милан по ангажманот на Матео Мусакио, Андре Силва, Рикардо Родригез, Андреа Конти, Хакан Чалханоглу, Франк Кеси, Фабио Борини и Леонардо Бонучи вчера го потврди и трансферот на Лукас Билја.
Искусниот аргентински репрезентативец конечно пристигна на „Сан Сиро“ и потпиша тригодишен договор до јуни 2020 година. Милан за него ќе издвои 17 милиони (плус уште три во бонуси), но калчолигашот не планира тука да запре и има намера во своите редови да донесе напаѓач од висок калибар.
Тоа го потврди извршниот директор на тимот, Марко Фасоне притоа спомнувајќи три имиња, Андреа Белоти од Торино, Алваро Мората од Реал Мадрид и Пјер-Емерик Обамејнг од Борусија Дортмунд.
– Многу имиња беа спомнати, но ќе биде добро да имаме еден од Белоти, Мората или Обамејаннг. Ќе видиме на кого ќе падне изборот иако има и други имиња кои не беа експонирани на насловните страници. Евидентно е дека размислуваме да направиме нешто на таа позиција – вели Фасоне.
Гигантот веќе потроши над 200 милиони евра во овој преоден рок и со ангажман на некој од овие имиња таа бројка би требало да ја надмине и сумата од 300 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Убиецот од Торонто е 29-годишниот Фаисал Хусеин кој бил ментално болен
-
Жена-херој застрела вооружен напаѓач кој напаѓал мајки што носеле деца во училиште (видео)
-
Новиот сопственик на Милан под истрага, ќе се испитува продажбата на клубот
-
Тепачка во авионот на „Лацио“ : Нани физички се пресмета со… (видео)