Дваесет и петгодишен државјанин на Германија вчера починал во ноќен клуб во Прилеп. Момчето престојувало во село Дебреште во општина Долнени.
Од МВР информираа дека на 14 јули околу 4 часот во ноќен клуб во Прилеп му се слошило на Е.М. (1992), државјанин на Сојузна Република Германија. Тој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничката болница во Прилеп, каде била констатирана смрт.
Увид на лице место извршила екипа од ПС-Прилеп. По наредба на ЈО на телото на починатиот ќе се врши обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.