| четврток, 6 декември 2018 |

Парламентарното мнозинство одби да го стави на дневен ред договорот со Бугарија

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ одби на дневен ред да го стави предлогот од пратеникот Антонио Милошоски да се стави договорот што треба да се потпише помеѓу Македонија и Бугарија на најголемиот празник 2 Август

Врз основа на член 70 од деловникот сакам да предложам дополнување на дневен ред. Дополнувањето на дневниот ред би се состоело од предлагање на точка информација за договорот помеѓу Република Македонија и Република Бугарија. Бидејќи се работи за важен билатерален договор кој што е најавен од претседателот на владата и министерот за надворешни работи, денес преку една изјава за агенцијата Ројтерс потврдено е дека истиот е веќе усогласен, а земајќи ги предвид изјавите на господинот Заев дека сака одлуките за битните надворешни прашања да се носат во Собранието и заедно со опозицијата и по можност и со подршка од опозицијата. Имајќи го превид и мислењето на министерот за надворешни работи Димитров пред комисијата за надворешна политика каде што кажа дека тој верува во принципите на транспарентност и инклузивност во одлуките од надворешната политика на Македонија кај што сака според негови зборови рака за рака заедно со опозицијата да ги носиме битните одлуки во македонското собрание сметам дека договорот за добрососедство и соработна помеѓу Македонија и Бугарија кој што сметам дека веќе имаа можност да го разгледаат колегите пратеници во бугарскиот парламент би требало да имаат можност да го разгледаат и македонските пратеници во македонскит парламент како претставници на граѓаните на република Македонија. Сметаме дека оваа оваа точка и усвојувањето на ваквата информација за македонско-бугарскиот договор може да ја потврди или демантира заложбата на владата да биде транспаранетна и да ги вклучи сите релеванти политички субјекти. Доколку точката се изгласа на дневен ред и расправаме заа овој договор ние сакаме да веруваме дека владата сака да ја вклучи опозицијата во важните политички одлуки и на тој начин да имаме заедничка одговорст. Доколку оваа точка биде отвфрлена и одбиена од парламентарното мнозинство тогаш принципите за транспарентност и инклузивност во носењето на одлуките за надворешната политика ќе паднат во вода само како предизбоноветување на владата или одредени фрази што ќе се користат пред меѓународната заедница. Затоа барам оваа точка на дневен ред да се усвои денес да расправаме за истата а Владата нека одлучи дали седницата треба да биде од отворен или затворен карактер во зависност од класифицираноста на информациите од овој договор, рече Милошоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top