| четврток, 6 декември 2018 |

Охридските училишта пливаат во долгови

оу христо узуновОхридските училишта се затрупани во долгови за струја и за нафта, а локалниот Секторот за образование ја анализира моменталната финансиска состојба на училиштата, информира градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески.

-Училиштата најмногу должат за нафта и за струја. Се надеваме дека до крајот на годината ќе имаме средства од Светската банка за реконструкција на поголем број училишта. Се надевам дека до почетокот на следната учебна година со директорите на училиштата за да изготвиме адекватна стратегија и да почнат редовно да си ги отплаќаат долговите, додаде Бакрачески.

Општината има долгорочна програма за помош на училиштата за сервисирање на долговите. од следната година ќе почнат и зафати за реконструкција и санација на училишните објекти, преку промена на прозорците и вратите, заради подобра топлинска изолација, односно целосно зголемување на енергетската ефикасност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top