| четврток, 6 декември 2018 |

Единствен човек кој го симна Путин од престолот-ова е 20 години помладиот, нов сопруг на Људмила!

За приватниот живот на рускиот претседател Владимир Путин, кој е еден од најмоќните политичари во светот, малку се знае. Уште помалку се знае за неговата поранешна сопруга Људмила Очеретна, со која речиси 30 години бил во брак.

Во јуни 2013 година соопштија дека се развеле, а 2016 година објавена е веста дека Људмила повторно се омажила и официјално го сменила презимето.

Таа пред да се омажи за Путин во 1983 гоидна, работела како стјуардеса во руската авио компанија Аерофлот. Течно зборува француски, германски и шпански јазик.

Ги запознал заеднички пријател во нивниот роден Ленинград, денешен Санкт Петерсбург. Тоа било на почеткот на 1980 година. Људмила и Путин имаат две ќерки, Марија и Катарина, родени во 1984 и 1985 година. Путин во осумдесеттите години работел како агент на КГБ, се додека со сопругата не се вратил во Санкт Петерсбург и почнал да работи за владата.

Одлуката за развод парот ја соопшти во пауза на балетот Есмералда.

-Нашиот брак е завршен поради фактот дека едвај се гледаме. Владимир целосно потона во својата работа. Децата ни пораснаа, а јас навистина не сакам публицитет-рекла тогаш Људмила.

Во 2016 година објавено е дека повторно се омажила, овојпат за скоро 20 години помладиот Артур Очертен, директор на непрофитна организација Центар за развој на меѓучовечки односи.

Неодамна осамна веста дека купиле вила во Франција за 7,46 милиони долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top