| четврток, 6 декември 2018 |

Исмет Гури, заменик-директор во УЈП, другар на Заев и Лукаревска, со боксови тепал вработени

Вчера попладне во УЈП Скопје, 13.07.2017 заменик-директорот на УЈП Скопје Исмет Гури со боксови нападнал вработен. Гури е позна во УЈП како насилник кој врши физички терор врз вработените. Вчерашната жртва била С.Р. 62- годишен повозрасен маж пред пензија, пренесуваат неговите колеги. Тој бил видно повреден и вознемирен од нападот.

Овој напад е пријавен кај претпоставениот на жртвата, односно во внатрешната контрола за професионални стандарди. Сепак, голем дел од вработените се сомневаат во правдата, заради нагласената пријателска врска на насилникот со новата директорка на УЈП, кадар на заевиот клан.

Насилникот Исмет Гури постојано се заканувал и се силел дека никој ништо не му можел бидејќи бил „куќен пријател со Зоран Заев“.

Насилствата и јадењето живи луѓе, поттикнато директно од Зоран Заев, нашироко се случува во администрацијата, а насилниците ја потенцираат блискоста со Заев. Заради насилство на Гури на 31.12.2015 година тој беше суспендиран од регионалната дирекција Скопје. Но Гури е познат и како член на општинска изборна комисија во Чаир, во случај на СЈО. Се поставува прашањето дали ова нагласено „куќно пријателство“ на Исмет Гури со Зоран Заев не беше пресудно за тоа тој да го избегне притворот?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top