| четврток, 6 декември 2018 |

Девет сообраќајки вчера во Скопје, едно лице загинало

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје се случиле девет сообраќајни незгоди, а во една од нив едно лице загинало. Лицето загинало во сообраќајна незгода на крстосницата од регионалниот пат Скопје – Куманово и локалниот пат кој води кон село Брњарци во која учествувало патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистарски таблици, управувано од жител на Арачиново.

Возачот изгубил контрола над управувачот на возилото, возилото излегло надвор од коловозот, удрило во бетонски жардиниери и при тоа се превртело надвор од коловозот. Во несреќата еден сопатник им подлегнал на повредите на пат кон болница, а возачот и уште еден сопатник се здобиле со телесни повреди.

Во една незгода со тешки телесни повреди се здобил велосипедист, а во пет со полесни повреди се здобиле пет лица. Во три била причинета само материјална штета.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени се поголем број на прекршоци. Санкционирани се 28 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, шест возачи поминале на црвено светло на семафор, 11 возачи за време на управување на возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон, како и 19 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Затекнати се 53 непрописно паркирани возила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top