Претставата „Анонимос Венис“ , по текст на Џузепе Берто, во режија на Дрита Беѓоли од театарот Додона, Приштина е добитник на наградата Гран при на 15-то јубилејно издание на Интернационалниот театарски фестивал – Актер на Европа 2017 кој заврши во Ресен.
Наградата за најдобра улога на фестивалот ја освои Снежина Петрова, актерка од Република Бугарија за нејзиниот монодрамски настан „Не јас“ работен по мотиви на Семјуел Бекет.
Наградата за креативна, жива, комуникативна, актерска игра и исклучителна интеракција со публиката, со спектакуларна трансформација и игра која плени и воодушевува жирито ја додели на монодрамата „Животот е лото“ во изведба на Моника Ромиќ.
Традиционалната награда што го носи името на легендарниот театарски деец, Жак Лакариер, годинава и припадна на Француската престава „Екстремофил“. Наградата „Млада Европа” ја освоија младите студенти од Букурешкиот Универзитет со преставата „Идиот”, додека пак наградата „Наум Манивилов Преспански“ ја освои Штипскиот Народен Театар за делото „Отворач на Конзерви”.
На затворањето на фестивалот, градоначалникот на Општина Ресен Ѓоко Стрезовски истакна дека како и секоја година во јули во Ресен театарска револуција никого не остава рамнодушен. Стрезовски е убеден дека секое ново издание на Актерот на Европа се повеќе ја етаблира оваа културна манифестација со обединувачки карактер во мапата на значајни културни збиднувања кои се одржуваат во нашата држава.
Во изминатите шест дена ресенската театарска публика имаше можност да проследи седум тетарски дела со актери од Романија, Србија, Хрватска, Франција, Грција, Косово и Македонија, кои оставија извонреден впечаток пред ресенската публика. Овогодинешните награди ги додели жири во состав Мето Јовановски, Лиљана Плевнеш, Гоце Ристовски и режисерот Мартин Кочовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Соопштени добитниците на наградата „Св. Климент Охридски“
-
Награди за есеј на тема „Визија за Скопје“ добија Кристина Шумадиева, Бојан Шашевски и Тања Сарандеска
-
Рускиот „Магичен свет“ на Катја Ветрова – добитник на наградата за најдобар филм „Ратка Илиевска-Лале“ на 9.Мобил филм фестивал
-
Михајло Куфојанис и Марија Ѓошевска ги добија наградите на Сојуз на музички уметници на Македонија