Дани Алвеш го комплетираше трансферот во ПСЖ, а десниот бек стави потпис на богат две годишен договор со „Светците”.
Попладнево тој и официјално беше претставен од францускиот шампион, а во Париз пристигна откако го раскина договорот со Јувентус.
Овој трансфер ги помати плановти на Манчестер Сити за каде беше скоро сигурно дека Алвеш ќе ја продолжи кариерата. Таму требаше да му се приклучи на тимот кој го води неговиот поранешен тренер од Барселона, Пеп Гвардиола, но по се изгледа далеку побогатата понуда од Парижаните го убедила да му откаже на Гвардиола кој ќе мора да бара друго решение за десната бековска позиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.