Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, во продолжението на собраниската седница посочи дека Владата нема никакви аргументи во барањето за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски.
– Најголема вина и нестручност на овој јавен обвинител е што стручно го фатил градоначалникот на Струмица во барање поткуп. Преку разни сценарија, градоначалникот станува премиер и сега сака да го разреши затоа што јавниот обвинител го фатил во поткуп. Тоа е најголемиот аргумент зошто сака да го разреши – посочи Милошоски.
Претходно, реплика имаше и неговиот колега Илија Димовски, кој кажа дека Владата нема никакво конкретно објаснување зошто сака да го разреши Зврлевски, туку образложението било препишано од неколку прес-конференции на СДСМ.
Заменик министерот за правда, Оливер Ристовски, пак, посочи дека не станува збор за партиски реваншизам, зошто Зврлевски не работел професионално и не покренал ниту еден случај за криминалите што ги правело раководството на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Милошоски: Во недостаток на аргументи за постигнатото, се изигрува процедурата за ратификација
-
Милошоски: Димитров и Заев го занемаруваат нашиот примарен аргумент во односите со Грција, не бараат да се признае пресудата од Хаг
-
Бугарија доби легално право да ја попречува Македонија во своите аспирации
-
Милошоски: СДСМ не гласаше за амандаман за штетите од земјотресите во Ресен, Охрид и Струга