Карпош Соколи пред извесно време го најави своето учество во квалификациите за кошаркарската Лига на шампиони под покровителство на ФИБА, а денеска македонскиот состав го дозна и својот прротивник во првата рунда.
„Соколите“ добија релативно посакуван противник во првата квалификациска фаза, бидејќи ќе ги одмерат силите со естонскиот состав Калев кој не од највисок ранг. Станува збор за националниот шампион на Естонија, но секако нивото на кошарка во оваа земја не е на исто рамниште како другите потенцијални ривали со кои можеше да се соочи македонскиот тим.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.