| четврток, 6 декември 2018 |

Скршено стакло во општина Центар – седницата почна со пауза

Советниците на Општина Центар почнаа со работа по едночасовно доцнење и по само неколку минути беше дадена пауза откако беше одбиено барањето на советниците на ВМРО- ДПМНЕ да се одложи седницата.

Предлогот за одложување го поддржаа 11 советници, а 12 беа протов. Веднаш потоа претседателот на Советот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ, даде пауза од 10 минути, по што седницата треба повторно да почне.

Во меѓувреме, пред општинската барака сѐ уште е тензично, а демонстрантите извикуваат „лопов“. Во натегањето со обезбедувањето да влезат во бараката беше скршено стаклото на влезната врата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top