| четврток, 6 декември 2018 |

Во Србија се преврте автобус полн со деца, едно лице загина

Едно лице загина, а околу 25 се повредени во сообраќајната несреќа, во која автобус со полски регистерски таблички излета од патот Суботица – Нови Сад и се преврте.

Во несреќата загина постар маж. Во автобусот, кој од Грција се враќаше во Полска, имало 50 патници и тројца возачи. Од патниците 27 биле деца на возраст од 13 до 16 години.

Според првичните информации од полицијата повеќе деца се повредени, но се уште не е познат степенот на повредите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top