Жените често ја користат изјавата „Сите мажи се исти“ во најлош контекст. Мажите одговараат дека се погрешно сфатени и дека дефинитивно не се сите исти.
Благодарение на апликацијата Whisper каде луѓето може анонимно да ги споделат нивните „исповеди“, може да дознаеме што мислат мажите за жените.
Момците искрено пишуваа за погрешната претстава што жените ја имаат генерално за мажите и за стереотипите што владеат меѓу нив.
-Момците навистина не ги забележуваат ‘мааните’ на женското тело, како што вие обично си мислите. Стрии, целулит… ние едноставно сме среќни кога девојка доброволно ќе се соблече пред нас.
-Драги жени, не се сите мажи перверзни и не се сите мажи одвратни. Јас сум еден од тие фините момци.
„Девојките претпоставуваат дека сакам само секс, ама всушност само сакам некој да ме држи за рака.“
-Драги жени, кога ви праќам секси пораки, тоа се само моите фантазии. Нема баш сето тоа да ви го правам во кревет.
-Зошто жените мислат дека ние мажите сме монструозни створенија кои немаат никакви чувства? Длабоко во себе сме многу емотивни, само што не го покажуваме тоа многу често.
-Многу ми е смешно што жените мислат дека мажите немаат проблем со самодоверба и со својот изглед. Не се во право.
-Понекогаш се што му треба на еден маж е прегратка. Жените мислат дека сакаме само една работа, ама не сме сите такви. Ние навистина сакаме да ве запознаеме, сакаме љубов.
-Не се сите мажи изневерувачи, иако повеќето девојки така мислат.
-Девојките мислат дека сите мажи се свињи уште пред да почнат разговор со некого.
-Не сакаат сите мажи брзи коли и оружје. Некои од нас сакаат цвеќиња и шопинг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.