Британска компанија измислила уред за еднократна употреба, кој ќе го насочува машкиот млаз во писоарот. Овој производ има форма на инка и може да открива сериозни здравствени проблеми, како рак на простата и дијабетис. За таа цел специјални реагенси ја менуваат бојата во контакт со урина на заболени. Новиот производ е на марката “Aim Stright“ и исто така е наменет за мажите чиј млаз при мокрењето е ослабен. Хартиениот конус може да се пушти во тоалетот по употреба и се распаѓа без да затне.
Тој штити од непожелни нехигиенски прсквања во зоната надвор од тоалетните чинии. Изумот е дело на британските пронаоѓачи Мајкл Шелтон и Питер Максвел.Конусот има и лековити својства за машките гениталиите. При допир со нив тој испушта специјални антибактериски состојки кои го запираат ширењето на инфекции како кламидијата, херпес и генитални брадавици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.