| четврток, 6 декември 2018 |

Убил старци и го запалил станот; Прво исламистичко злосторство во Австрија

Осомничениот за убиството на брачен пар во Линц, Тунижанец кој две децении живеел во Австрија, се заколнал на верност на шефот на ИСИС Абу Бакр ал Багдади, соопшти полицијата на покраината Горна Австрија. Директорот на полицијата Андреас Пилсл по состанокот на одборот за безбедност посочил дека уапсениот од средината на минатата година покажувал тенденции во насока на радикализација. Според анализа на неговиот Фејсбук профил, тенденциите воделе до последниот внес на заклетвата. Тунижанецот на 30 јуни на свиреп начин убил пар пензионери и потоа им го запалил станот.

По злосторството сам се пријавил во полиција, по што е оценето дека ова е прво злосторство во име на Исламската држава во Австрија.

Како мотив навел дека сакал да упати порака на општеството и Слободарската партија на Австрија, бнидејќи се чувствувал дискриминиран како странец и муслиман. Еден од синовите на убиените бил заменик претседател на покраинската организација на партијата на Манфред Хајмбухнер.

анализата на социјалните медиуми покажала дека Тунижанецот се повеќе се изјаснувал позитивно за исламските содржини, а се претпоставува дека самостојно се радикализирал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top