| четврток, 6 декември 2018 |

Репрезентативката Сара Митова прави трансфер во Данска

Македонските ракометарки продолжуваат со трансферите во странство, откако Сара Митова реши својата кариера да ја продолжи во Данска. Сондерјиске ќе биде новиот клуб на левото крило на нашиот наицонален тим, откако овој дански прволигаш денеска и официјално соопшти дека постигнал договор за ангажман на македонската репрезентативка.

– Иако има само 20 години, таа веќе настапувала шест пати за македонската репрезентација и била дел од еден од најголемите клубови во светот, Вардар. Во последните неколку сезони учествуваше и во Челинџ-купот, каде постигна 31 погодок во сезоната 2015/2016 – соопшти данскиот клуб на својата официјална веб-страница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top