
Времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за локална појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 31 до 40 степени.

Во следните два дена ќе продолжи периодот на претежно сончево и многу топло време. Дневната температура до среда ќе биде во благ пораст.
Извесна промена на времето проследена со нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер се очекува ноќта среда кон четврток. Ветрот ќе го промени правецот во северен, а со тоа ќе има намалување на дневната температура за околу 5 до 6 степени.
Намалувањето на дневната температура ќе продолжи и за време на викендот кога ќе има локална нестабилност проследена со поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


