| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Не можат нам толку обвиненија да ни исштанцаат колку што можат глупости да направат

Засега слушаме само за реформи од типот ветер и магла. Некомпетентни луѓе на клучни функции. Макрадули како информатичар, ако веќе морало да е заменик министер, секој мислеше дека ќе е во министерствотот за информатика. Заев го стави во екологија. Појма нема човекот од екологија, доправа ќе учи. За директор на агенцијата за админситрација поставија член на ИК на партијата. А нели ќе ја департизираа адмиснистрацијата –  вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, коментирајќи ја досегашната работа на Зоран Заев.

Тој на прославата на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека за СДСМ стана правило: се што ветуваа тераат обратно. Едно на збор, обратно на дело.

-Тоа е оваа влада. Базирана на неработење, нестручност, безидејност, хаотичност, немање концепт, немање план, влада на која народот неможе да се потпре, влада која не држи до дадениот збор, базирана на омрза, гнев и лични фрустрации, пропратена со виткање кичма кога и каде треба. Тоа е во една реченица се за нив. Само рушење, запирање, незнаење, никаде создавање, креирање, модернизација – додаде Груевски.

Тој смета дека со цел да го затскријат сето тоа што го прават, да не се зборува за тоа, да помине незабележано, СДСМ смислиле и за тоа идеја, или како што рече, некој им ја смислил. Да се замолчи ВМРО и медиумите.

– Да се уништи ВМРО, да се нападне со купишта обвиненија, со барања притвори, со одземања пасоши и јавувања секоја недела во суд, да им се загорчи животот на политичките опоненти за да замолчат и да ги снема. Јаки демократи. Без никакви докази дека нешто прекршиле да се влечкаат секоја недела по судовите, да губат време со адвокати, рочишта, и да се гради за нив слика дека се нечесни, додека Заев да ги исполни ветените работи кон оние кои го донесоа за премиер, а на грбот на народот, на државата, на државните и националните интереси. Ние од ВМРО да лежеме во притвори, за тој да го смени името и идентитетот на македонскиот народ. Ние да молиме да ни ги вратат пасошите додека тој да го исполни тоа што го ветил за договорот со Бугарија. Ние секоја недела да се јавуваме во суд и народот да се занимава со тоа, министерот за пропаганда да ги притиска медиумите да говорат само за тоа, додека Заев да ги плати фактурите поврзани со законот за јазиците. Ние да изгледаме виновни, додека тој не го нагази доволно судот да го ослободи од судскиот процес за барање поткуп…, она со Вицето… Но не можат нам толку обвиненија да ни исштанцаат колку што можат глупости да направат – рече Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top