| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Наместо стручњаци и експерти како што ветуваа, редат партиски некомпетентни кадри

Ветуваа почеток на преговори со ЕУ за 6 месеци, сега ни говорат дека за 9 месеци нема да ги почнат преговорите, туку ќе ја одмрзнеле препораката која, патем речено, тие ја замрзна што политичката криза која ја направија во земјата.

Почнаа да разрешуваат и назначуваат функционери. Наместо стручњаци и експерти како што ветуваа, ред до ред партиски некомпетентни кадри кои неможат ни англиски да положат, па сега да сме го менувале законот за партиските кадри да ги вработат или назначат без познавање странски јазик – ја искоментира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, работата на владата предводена од социјалдемократите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top