| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Стилот на владеење на СДСМ е тој, она што го гледавме во 2002 сега се повторува

-Тоа е политиката кога на власт е СДСМ, и ова не им е прв пат. И порано вршеа политички прогони. Врз мои соработници во 2002та година кога дојдоа на власт поднесоа купишта пријави за кои не излезе ништо, меѓутоа им ги згорчија животите. Стилот е тој, СДСМ владее со притисоци, гонење, сево ова е политички прогон. Она што го гледавме во 2002 кога дојдоа на Власт сега се повторува- рече во интервју за ТВ НОВА, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, споредувајќи го тој притисок со актуелниот кој што се врши врз ВМРО-ДПМНЕ, но овојпат преку, како вели СЈО инструментот на СДСМ.
-Сето она што наумила новата Влада да го направи, е попроблематично ако ВМРО е силно како што е сега. Оттука на СЈО им дадоа наредба да ни испрати куп обвиненија, планот беше да не потрупаат со обвиненија без докази и да внесат сомнеж кај народот дека сме работеле криминално. Јасно е зошто овие обвиненија ги пуштија на претпоседниот ден или последниот ден. До самиот крај се трудеа нешто да напишат, да најдат некој сведок којшто лажно ќе сведочи, да го заплашат, со цел да направат конструкција и да направат пред луѓето да изгледаме виновни. Тоа што на крајот ќе се види дека се празни со докази, сметаат ќе биде далеку и луѓето ќе заборават. Тоа се ниски удари, не знаат да ги освојат симпатиите на граѓаните со дела и затоа одат на слабеење на противникот- дециден е Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top